овца (имн.) - во (предл.)

Сѐ имаат во предвид Германците кои Турците ги викаа Аламани аландарка — скитница, маалуша, покуќеша што шета по куќи алипен — сакат од нога или рака, око итн. ампа — несреќа алтица — парче од ткаенина — крпара амак — будала амле — грижа аргач — ограда за овци во нива ариза — поклон армасување — годеж, посвршување девојка вдовица аро — страшило артирисува — заштедува асло — зелена нива напролет без клас во која пасат јагнињата астретен — оскуден ата — несреќа бабуа — грижи од бабата за новороденото дете басам — не признавам, одречувам тоа ти што го тврдиш баснар — човек што баи, врача бастра — болест по растенијата беане — ивтирија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури и Тихир бег Јаузоски, кој, зашто Боше беше негов овчар и најдобар во Потковицата (само да ѝ го земеше вимето на сјагнета овца во грстот веднаш ќе ти кажеше кога точно ќе се објагни, дали по еден саат, дали по два дена, или по една недела) им беше многу налутен на Јанчески што допуштиле ајдутин да им го земе од постела, во тоа виде божие претсказание па помирливо рече Господ нека ви се смилува вам Јанчевци: ланилето еден ваш се вулоган паѓајќи од Камен, завчера стрика Анѓела го закопавте, ноќеска ајдути трет ви грабнале и заповеда сите возрасни веднаш да се дадат во потера по ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Освен ровот и униформата, сѐ друго беше како со овците во Брезница кон каде што сега Шишман ја имаше навртено цевката од пушката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Велеа „Што ќе направи црна овца во фамилијата ?“- се присетуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да, токму така. Рада беше верна копија на црната овца во фамилијата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја колел една овца во темели. Ја тоа прави да направи дух.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Некогаш, пишуваше тој, половината од нивите, шумите, говедата и овците во Маказар, биле на родот Поцо, но подоцна семејството, или семејствата, осиромашиле, а по Втората војна и тоа што останало, било земено од државата како некој неправедно создаден вишок, кулучко богатство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неговиот татко, Тајко стариот, навистина беше со овците во влашкиот катун на Горна Белица, а тоа што син му рибареше наместо да биде сточар, не мораше да значи некоја голема загатка за странецов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Вангел од Баово, таму негде во Турцко купил 90 овци во Куманово и сите ги отерал во Мегленијата, дома, заедно со браќата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сакавме да му избегаме, но не можевме: со долгиот стап што го фучеше нè прибра сите како овци в трло.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Нашето село немаше доволно паша за повеќе стока, затоа ги тераа овците во друго место како што се Кожуф, Момина Чука, Црвени Брегови и други места.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сем никогаш претходно немаше побарано согласност од стариот Елисон да престојува на неговиот ранч, но знаеше дека ќе биде добредојден.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му изгледаше привлечно да посети еден ранч на овци во тој миг.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)