овца (имн.) - или (сврз.)

Само долу, во кошарата, повремено ќе се раздвижеше некоја овца или некое говедо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Никогаш не сум видел на лединкава овци или говеда да пасат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се очекуваше дојдениците тешко да се разделат од родниот крај, па затоа да дојдат со по некоја мачка или куче, петел, по некоја овца или коза, но никој ни на сон не беше си ја претставил оваа козја наезда во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како дете, чувајќи низ гора овци или одејќи по дрвја, сè запознав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во моменти додека брзиот воз ја сече оваа рамнина, неусетно присакуваш селска идила, да се видат стада од овци или добиток.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)