одговор (имн.) - бев (гл.)

Одговорот беше негативен.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Ме одведе до Велес со џипот. Ете, тоа се случуваше“, рече, иако и самата беше свесна дека паузата што ја направи додека го смисли одговорот беше предолга и ѝ даваше на ситуацијата сјај на раскошна лага.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одговорот беше едно игриво помрднување со опавчето и едно сосема поинакво отскокнување назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Тешко е да се израснат сериозни подржувачи на животот што го создаваме!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еве оваа глупост ми се откачи, и тоа токму пред мојата Јана, но толку спонтано ми дојде што морав да ја изречам. Иако горчеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одговорот беше само насмевка во која почитта кон прашањето, а тоа значи и кон родителот, се најде на последно место.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сè што се покажа дека го знае и на кое даде потврден одговор беше неговото сопствено име.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Но, што стана со јагулите? - побара разјаснување Татко, макар што одговорот беше претходно даден.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Може ли некоја друга тоа да го каже?“ го запраша огледалото. Одговорот беше: „Ниту една!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Борхес“, одговорив, „дојдов да ве видам и да ви го пожелам секое добро“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откако го поздравив - прв пат го сретнав Борхес 1969-та во Норман, во Оклахома, тој ме прими љубезно и ме предупреди: „Без политика, ве молам“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од тогаш па натаму разговорот течеше глатко, а на моменти стануваше и интимен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхесовиот одговор беше венчавањето со Марија Кодама, преку посредници, во Парагвај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)