одговор (имн.) - го (зам.)

Ама затоа одговорот го знаеше лордот Балфур, шеф на Интелиџенс Сервис, кој во добро чуваниот атински кабинет, му велеше на генералот Вендирис: - Па, токму ова е потребно.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Кој вели!? - рече Денко, па не чекајќи одговор го натегна грнчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Винстон се опушти во креветот. Што и да кажеше, брз одговор го скршуваше како чекан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Капетанот Еванс во својот одговор го препратил да побара помош од британските воени мисии кои се наоѓале на “југословенска територија“.332 Во почетокот на април капетанот Патрик Еванс престојувал во реонот на Преспа.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Што се однесува до Виктора, неговиот одговор го знае: „Јас, батка, таквите работи не ги бројам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наместо одговор го чу последниот ѕвон на црковното ѕвоно.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Одговорот го понуди Танаско, вели Си има клдено нешчо у главта!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Одговорот го задржуваа пригушените солзи. И тивкиот повик до Бога да ме варди!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)