одговор (имн.) - воопшто (прил.)

Имав впечаток дека таа кришум веруваше дека преку оваа моја игра всушност јас се обидувам да и се приближам на вистината што таа грижливо ја криеше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одговорот воопшто не беше важен, зашто таа и не заушила како треба, не оти ве чула, - можеше да се поставуваат уште поглупави прашања, - важно беше тоа нејзино поклонување доземи, тоа нејзино вратче кога ќе се издолжи и тие нејзини малечки устиња, поднапрчени, непознати, нови кога ќе ви рече со некој потпевен глас: - Молам, да, благодарам!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но овој мој одговор воопшто не го изненади соговорников.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мојот одговор воопшто не ја зачуди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)