одговор (имн.) - надвор (прил.)

Многумина од вас тогаш ме прашуваа, трудејќи се во моите зборови и во срцата свои да ги најдат одговорите што дотогаш сами не можеле да ги пронајдат: ’Павле, каков е нашиот пат?‘ Тогаш ви велев да не го барате одговорот надвор од себе, туку единствено во срцата свои, со молитва и со чист живот, та тој самиот, со волјата Негова, ќе ви се покаже.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кај се сега оние раце нежни што книгана отворена ја милуваа Зад прозорот веќе тивко снежи и снегулки босоноги претрчуваат Кај се сега овие раце бледи толку книги во есента што затворија Зарем веќе над новите редои надвесени занесено се уморија Кај се кај се Јас ги чекам чекам над книгата напуштена да затреперат Но место нив сосем сосем леко по листојте зашумува само ветрот Рацете ги нема нема нежни Прашањето в грло ѕвони испокинато Одговорот надвор снежи Снегулките тажат по нив непрекинато.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)