одговор (имн.) - дека (сврз.)

На прашањето што најважно се случило, на пример, во 1941 година, машината не даде одговор дека најважното е што фашистичка Германија извршила напад врз Југославија, врз други земји и врз СССР.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Доби веднаш одговор дека ќе му бидат укажани должна почит и помош, ќе биде пречекан како што доликува за еден шпански борец.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На тоа добив одговор дека сум му се одмилела поради тоа што го слушнал од другар му за мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Првостепениот суд стапи во контакт со Факултетот во Белград од кој доби одговор дека, за да се направи проверка на тлото, треба да се извршат сондажни дупчења околу куќата и под куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бидејќи не добил никакво писмено известување, со помош на адвокат (негов близок другар) до организацијата поднесува Опомена пред тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На ова, повторно добива усмен одговор дека „координаторот во секој момент можел да му даде отказ“, на што К.П. одговори дека за ова ќе се видат на суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Добил одговор дека едн таков акт би бил против “бугарските интереси“64.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Добив одговор дека побезбеден виик'л нема.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не знам дали им се брзаше или беа задоволни од одговорот дека одам на гости. Ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Навистина, никогаш не бараше одговор, ниту го сугерираше на било кој начин. Оставаше на мојата совест!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лажно се тешев, одложувајќи го одговорот дека Мајка како и секогаш има разбирање за својот син!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)