одлука (имн.) - право (имн.)

Сомнителна е и одлуката правата и обврските на работодавачот – преносител за неговите работници на кои им престанал работниот однос, да можат да бидат уредени со подзаконски акт (статут), бидејќи ваквата рестриктивна (и дискриминаторска) формулација може да се третира и како противуставна.25 Се воведе и дополнителна обврска пред извршување на пренесувањето, работодавачот преносител и стекнувачот да ги информираат и консултираат синдикалните организации за пренесувањето и да склучат договор, како би се избегнале можните негативни импликации по работничките права, со посебен акцент на условите за работа и вработувањето.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)