одредба (имн.) - во (предл.)

При ова, заштитата се сведе само на вонсудска заштита пред самиот работодавач, слично на онаа народната „кадија те тужи, кадија те суди“, и на дополнителна т.е. секундарна заштита, пред надлежниот основен суд; 7 6.  У.бр. 139/2005-0-0 од 21.XII.2005; У.бр. 161/2005 од 22.XII.2005; У.бр. 134/2005-0-0 од 29.III.2006; У. бр. 187/2005-0-1 од 10.V.2006; У. бр. 111/2006- 0-1 од 24.I.2007; У.бр. 188/2006-0-0 од 4.IV.2007; У.бр. 170/2006-0-1 од 6.VI.2007 и У.бр. 263/2009-0-1 од 22.IX.2010. 7.  Некои од овие „кастрења“ на одредби од процедурален аспект имаа смисла бидејќи, на овој начин, се одбегна дуплирање на истите одредби во повеќе одделни закони – затоа што постапката за заштита на работничките права, кај нас се третира како посебен вид граѓанска постапка и, според тоа, е регулирана со ЗПП (2005), со ЗИ (2005), потоа со ЗОП (2007), како и со ЗМРРС 23 – исто така, повеќе не постои одредбата која велеше дека над­ лежниот орган кај работодавецот е должен, пред донесувањето на одлуката по барањето, односно по приговорот на работникот – да побара мислење од синдикатот во кој тој членува, како и задолжително да го разгледа и за него да се изјасни, ако синдикатот доставил такво мислење (чл. 146, ЗРО/03 – ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, тоа не значи дека административните службеници повеќе не се должни да почитуваат дополнителни ограничувачки одредби во однос на начинот на штрајкување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Третата промена, пак, е додавањето на одредба во ЗСС (2014) според која судските службеници, исто како и административните службеници, за време на штрајк имаат право на плата во висина од 60% од платата што ја примиле претходниот месец (чл. 77, ЗСС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
ЗАКОН ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ Овој закон е донесен во февруари 2014, а почна да се применува од февруари 2015 година (чл. 113, ЗАС).137 Тој регулира материја која претходно беше регулирана со два закони, Законот за државни службеници и Законот за јавни службеници.138 Првиот од овие закони беше донесен во 2000 година и не содржеше промени на одредбите за штрајк во периодот 20102014 година, додека вториот беше донесен во овој период, поточно во 2010 година, и воведе слични одредби во однос на одвивањето на штрајкот на јавните службеници какви што претходно важеа за државните службеници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
1. Откажување на договорот за вработување а) со измените од февруари 2013 година, кои во голем дел беа посветени токму на престанокот на работниот однос, се воведе појаснувачка одредба во однос на елементите кои мора да ги содржи спогодбата за раскинување на договорот за вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во однос на прекршочните одредби во оваа измена, истите се намалуваат, т.е. од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност се намалува на 1.500 до 3.000 за самата агенција.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Твојот потпис беше чиста формалност заради оние загубени документи и непрецизните одредби во законите. Но што ти значи она, другоно?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не мислам толку на сопственоста - вели Даскалов – колку на она другоно, адаптацијата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако, пак, работникот смета дека со писмената одлука на работодавачот е прекр- шено неговото право може, во рок од осум дена од врачувањето на таа 27.  Некои од овие кастрења на одредби од процедурален аспект имаа смисла бидејќи, на овој начин, се одбегна дуплирање на истите одредби во повеќе одделни закони, затоа што постапката за заштита на работничките права кај нас се третира како посебен вид граѓанска постапка и, според тоа, е регулирана во Законот за парничната постапка (Сл. весник на РМ – 79/05, 110/08 и 83/09), со Законот за извршување (Сл. весник на РМ – 35/05, 50/06, 129/06 и 8/08), потоа со Законот за обезбедување на побарувањата (Сл. весник на РМ, 87/07), како и со Законот за мирно решавање на работните спорови (Сл. весник на РМ, 87/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, од друга страна, во 2005 беа вове- дени и две подобрувања: •  прво, заштитата од отказ за синдикалниот претставник, која порано траеше само во текот на неговиот мандат, сега се пролонгира уште на најмалку две години по престанување на неговиот мандат (чл. 200, ЗРО/05); и, •  второ, на работник кој е избран или именуван на синдикална функција утврдена со статут, а чие вршење бара привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос и има право, во рок од пет дена по престанувањето на функцијата што ја вршел, да се врати на работа за вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка (чл. 200, ЗРО/05); 49 ѓ) воведени беа и три дополнителни превентивни одредби во оваа област: •  прво, работодавачот, директорот или некој друг орган и застапникот на работодавачот не смеат да користат присила против кој било синдикат (чл. 198, ЗРО/05); •  второ, се воведоа изречни одредби за судска заштита на правото на здружување и на членските права (чл. 196-197, ЗРО/05); и •  трето, се воведе изречна забрана за контрола од другата, помоќна, страна – односно „работодавачите и нивните здруженија не смеат да имаат надзор над основањето и дејствувањето на синдикатите т.е. нивните сојузи на повисоко ниво, ниту со цел на таков надзор смеат да ги финансираат или на друг начин потпомагаат синдикатите, односно нивните сојузи“ (чл. 195, ЗРО/05). 6.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Оваа промена го навестува големиот број на порестриктивни одредби во начинот на доделување на средствата за вработување на инвалидно лице на неопределено време. 107 Имено, се пропишува дека основен критериум за утврдување на висината на доделените неповратни средства ќе биде бројот на вработени инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во него беше предвидено да се применуваат одредбите од член 135 до член 137 (одредби во кои беше регулирано усогласувањето на интересите и заштитата при отпуштањето од работа, судските реше- нија што се однесуваат на заштитата од отпуштање од работа и туж- бите поднесени од страна на вработен), без разлика дали економските, технолошките, структуралните и другите слични промени, како и усогласувањето на интересите или барањето за донесување социјален план без спроведување на претходните постапки се преземени дури по продажбата на должниковото претпријатие или дури по продаж- бата на некој негов дел.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
4.  Закони за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва од 2004 година, Сл. весник на РМ – 84/05, 25/07 и 87/08. 158 учество во одлучувањето. Оваа одредба во Уставот на Република Македонија има посебна тежина, бидејќи само уште во неколку европски земји (Италија, Норвешка, Холандија, Португалија, Словенија и Хрватска) ова право има статус на уставно право. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Измената и дополнувањето на ЗВРС од 2009 година Со измената и дополнувањето на ЗВРС од 2009 година дојде до промена и преформулација на некои одредби во законот поврзани со остварувањето на права од работен однос на странци во РМ. 4.  Просечна исплатена нето плата по работник за месец февруари 2010 година според Државен завод за статистика. 119 Во поглед на дефинициите на поимите дојде до две важни промени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Иако ниту Законот од 1996 година не пропишува поволна и соодветна операционализација на уставните одредби во однос на правото на вработените на учество во управувањето, тоа фактички е укинато по 2004 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ја спомнуваме оваа одредба во овој оддел, бидејќи со измените од декември 2008 година за работникот кој нема да постапи согласно оваа одредба се пропишува глоба од 200 евра, која, ако тој не ја плати во рок од осум дена, ќе биде должен да плати повисока глоба од 700 евра (чл. 12).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Од ова станува јасно дека за основање на синдикат на ниво на работодавач веќе не е задолжително негов упис во регистарот на МТСП, туку само во Централниот регистар; б) се воведоа и изречни одредби во поглед на имотот на синдикатот и на здружението на работодавачите, кој се стекнува по пат на прибирање уписнина и членарина, потоа со купување, подарок или на друг законски начин – без какво било претходно одобрение.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, во врска со последното, важно е да се истакне дека ЗИТ (1997) не содржи казнени одредби во случај инспекторот да постапи спротивно на пропишаното.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сега, сите акции кои ги издава претпријатието се обични, со тоа што ЗТПОК вклучи одредби во кои се предвиде можност за купување на акции под повластени услови, а која можност им се дава на работниците вработени во претпријатието, на лица кои претходно работеле во претпријатието и на пензионираните работници од тоа претпријатие (чл. 25).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Би посочиле и дека отсуството на одредба во ЗИТ (1997) во врска со затекнувањето на работа на работник кој не засновал работен однос согласно законот не претставува намалување на овластувањата на ин- спекторите на трудот, бидејќи соодветна и построга одредба е предви- дена со Законот за работни односи од 1993 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со донесувањето на новиот закон усвоена е доста порестриктивна одредба во поглед на правото на работниците да даваат предлози за подобрување на безбедноста.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На тој начин, оневозможеноста работникот да остварува одредено право се трансформира од кршењето на законските одредби во постапување согласно законот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што се однесува на водењето евиденција за невработените лица, усвоени се одредени порестриктивни одредби во однос на престану- вањето да се води евиденција на невработените лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
9.  Поради сѐ порестриктивните одредби во поглед на паричниот надоместок во случај на невработеност, бројот на корисници на овој надоместок речиси двојно се намали во изминатата деценија, од 48.346 во февруари 1998 година на 25.335 во февруари 2010 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)