око (имн.) - има (гл.)

Во длабочината на очите имаше блесок, својствен само на неа, и на никој друг.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А под очите имаше јаболчници, така финозаоблени што како меки ритчиња, ја истакнува сета та убавина на лицето.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сепак во неговите очи има еден влажникав отсјај што уште не успеала да го избрише примиреноста.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Какви очи има, каква коса, дали е висока, слаба, дебела, колку ја сакам, колку ме сака, каде се состануваме - и сè така нешто интересно и смешно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На прашањето - Дали имаш девојка? односно - Дали имаш младич? - одговорив со ДА и потоа продолжив сè по ред.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А потоа се редеа оние интересни прашања од личниот живот, да речам - од интимниот живот. Ама и тука добро се снајдов.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во нејзините очи има умор и болка, нејзините трепки се влажни од солзите чие присуство се чувствува насекаде иако девојката се обидува да го прикрие тоа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таа беше молчелива, нерасположена и дезориентирана. Околу очите имаше големи подочници, нејзиниот лик на ангел некако брзо се измени.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Да, таа е тешка и за мене, но таа е некој вид имагинација од моето...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој никогаш не дозна какви очи има таа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: И водејќи љубов, таа вели... ВГ: „Без отисоци од прсти“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога ќе се разбудеше, во нејзините очи имаше нешто човечко. Девојчинско.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Виновен сум зашто устата ми беше побрза од умот и што на очите имав превез, за правилно да ја согледам вистината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вакви ведри очи има таа и ситно бело лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од темниот сјај на неговите очи имаше нешто што привлекуваше, бараше доверување и потчинување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тие очи има издајнички сјај. Во нив се наѕираше едно минато.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во твоите очи има еден мал зрак на воздух, така јас дишев..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Сепак во личните карти не им стои дека место очи имаат бабнатинки и не им е напишано здравната книшка дека боледуват од осаменост и од очиодразоаност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тие очи имаа предавнички сјај. Во нив се наѕираше едно минато.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во очите имаше некаков оџагарен вкочанет израз, како да не можеше да не зјапа во нешто на средна оддалеченост од себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Под очите имаше жебурки, кожата на образите му висеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На жените, со свои очи имав видено, здивот им застануваше кога ќе го здогледаа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не се распознаваше, само се наѕираше, но, секако, неговите очи имаа потсмешлив сјај.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Кога ќе наиде такво јавно прашање за осомничен и осуден човек, а со своите очи имате видено и како Чардаклија го водат со врзани раце, ќе помислите пред сѐ дека некој злонамерно сака да ве молерисува или нешто слично, па нема ни да се обидете да го скриете она што го знаат и пилците по грмушките“, се насмеал гостилничарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И во моите очи имаше презир и решеност.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо климна одречно со глава.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во неговите очи има блесок на дете, а не на војник.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во очите имаше прекрасно светло и зрачеше со бои на виножито.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Најпосле Пелагија, крстејќи се, ја крева главата и во очите има чуден, несекојдневен блесок!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Какви очи имал ако не го видел тоа?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да видиш, мамо, колку убави очи има, големи, сини, а косата ѝ е светло-жолта и долга, дури подолга и од твојата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Едниот од нив врз левото око имаше црно парче крпа заврзано за главата со ластик.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Да видиш колку убави сини очи има. Погледни, ама е симпатичен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- ... А, ти ѝ ги „здипли“ парите и побегна, - се раскикоте најизвалканото и најраспарталеното дете од бандата на Абраш, кое преку десното око имаше заврзано црно крпче.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Неговото око имаше сјај, но не се погодуваше веднаш, дали е тоа сјајот од нападната кивавица, или од неговата следна намера, која тој ја беше испланирал најверојатно уште при своето доаѓање, а сега очекуваше да ја изведе како вистинска претстава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И насмевката му е прекрасна, иако на фотографијата беше некако замислев и не се смееше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Какви паметни очи има, колку убаво чело.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)