око (имн.) - погледне (гл.)

Ако со око погледнам око е — да го ископам, ако со рака посигнам рака е - да ја исечам.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Поднамести шмајзер, со левата рака измазни небричено лице, со насолзени очи погледна на сонцето и рече: - Само кураж... само кураж... - тој откинато го влече секој збор, небаре го џвака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нејзините сини очи погледнаа во очите на Даниел, кои беа темни и мрачни под веѓите што личеа на качулка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стопанот ја поткрена главата, со влажните очи погледна во милиционерот и пак ја сведна главата вуземи и не го симна катинарот од устата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)