око (имн.) - почне (гл.)

Од зелените очи почнаа да се тркалаат крупни солзи, а тие знаејќи ја својата патека се сливаа во расцепот на нејзините гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Моето трето око почнува да зрачи, црн отров ми го исполнува телото а девојката ми раскажува за сторијата на дрогите и рокенролот. 5.30 Во такси сум заедно со уште три прекрасни девојки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги затворам очите и слободно паѓам во темниот простор.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Застана на доволно безбедно растојание од местото каде што ја имаше видено змијата и со очите почна да го разгледува просторот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа тој застана и со очите почна да разгледува наоколу. Немаше никој.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Продолжувала да стои увисната на неговиот врат, спружена по целата негова должина, а само очите почнале да ѝ поигруваат како икри масло над вода.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дигитален изглед (Digitaler Schien) е еден од неговите најзначајни текстови The Hat Makes The Man, Макс Ернст 1920 106 Margina #19-20 [1995] | okno.mk Vilém Flusser ДИГИТАЛЕН ИЗГЛЕД Пред нашите неверни очи почнуваат од компјутерот да се појавуваат алтернативни светови: црти составени од точкасти елементи, површини, а набргу и тела во движење.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Високиот се сомнева дека си му го украл пиштолот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пред неговите очи почнаа да се појавуваат лицата на момците со кои ги помина годините со пушка и во униформа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со мајка ми веќе почнавме да се расправаме околу тоа колку време ќе останам на гости, кога се сетивме дека најдобро е да ја прашаме тетка Олга, па дури потоа да коваме планови.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, нејзините очи почнаа да ме гледаат слично како и очите на мачката: отсутно и лудо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По извесно време му се појави и рогливост; левото око почна да му гледа накриво.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)