око (имн.) - рече (гл.)

Кога го спуштија Висара во гробот, учителот му ја стави китката цвеќиња во ковчегот и со солзи на очите рече: „Овој свет не е веќе за живеење, кога Сатаната го презеде од Бога...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Кој си ти? - праша глувчето. Зеленото чудо со големи очи рече: - Јас сум жаба. А ти? - Јас сум глувче.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Ти да си во нашето школо би бил најдобар, со пламени очи рече Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе ги тепаат, возбудено, со светнати очи рече некој.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А јас дојдов да ти се оддолжам, не си ми ги оставила децата на сокак“, без благодарност во очите рече тој.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)