око (имн.) - го (зам.)

Мајка ми со насолзени очи го поздрави Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Будни, скриени очи го следеа движењето на Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Султаниното бистро око го забележа тоа и го покани: - Ајде, Никола, да вечераме!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Му рече што се зборува за него, му кажа дека со свои очи го видел каде влегува и дека треба веднаш да прекине со тие срамни посети.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се гордеам со моето педигре, се гордеам со искасапеното лево уво, се гордеам со загубениот вид на, исто така левото, око, си мисли К*, окото го загубив уште како штене, ми остана само едно по борбата околу контејнерот, но сепак, и тоа ми е доволно, си мисли К* и се чеша под пазувите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многупати Калчо со насолзени очи го враќаше дома лебот и шишето со вода.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Му ги затвори очите го грабна на крилата и го однесе во царството на соништата...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Домаќинот мој сето тоа со свои очи го гледаше и, бидејќи не беше горделив и самбендисан како свекрва ми, Господи прости ми и тој мене вината не ми ја фрли та да земе да ме истера, туку и гревот и несреќата си ги делевме како да се колку на едниот толку и на другиот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа со насолзени очи го слушала кога тој раскажувал за сите нас во семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Стотина очи го следеа натпреварот на детето со смртта.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Нејзините очи го гледаа високото аглесто тело на Даниел како се наведнува и се исправа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пенчо одново се наведна и зеде камен, нанишани и го скрши и другиот прозорец а врапчето со млитаво висната глава и изгаснати очи го стави во џеб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оти секогаш сум велел: словото една рака го сочинила, ама многу очи го читаат и сите тие очи различно го читаат истото, од рака сочинето клопче, оти по разни конци врват читателите кон средето, кон изворот на текстот, кон оној кој го сочинил и кој нив ќе ги голтне – пајакот отровен, сонце црно вжарено, создател и господар на вселена мала.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И што вели словото кога ѓаволот со свои очи го чита?! Ама времето не беше дојдено.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
-По што го познаваш дека снемал пари. -По очите го познавам, ете по што го познавам.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На околу повеа и се разлеа опојувачки мирис во кој потона воздухот, а ние со затворени очи го вдишувавме до ненаситка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Да... – реков и немо, со насолзени очи го опфаќам целиот празен простор... - Кого?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Неговото тело, што пред мои очи го натоварија во една количка, беше тело на младинец од 20 до 22 години, во европски но бедни алишта: тоа е заедничкиот тип на злосторниците што беа фатени или убиени онаа ноќ или утредента.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие богобојажливо и со отворени очи гледале во сјајниот гулаб и молитви кажувале тивко и шепотно, не баре со свои очи го гледале, Светиот Дух.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откако со гладните очи го голтнавме менито, дојдовме на идеја да го повикаме нашиот заеднички пријател да ни се придружи на масата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сите веќе се смирија, а Паша Емиљевич сé уште шеташе по собите, загледнуваше под чашите, ги преместуваше лимените шолји за чај и мрмореше: - Каде ли само може да биде?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Денес тука беше, со свои очи го видов!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во твоите очи го видов мирот и спокојот кога „лотосот“ ги голташе првите голтки на животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Двете аури сместени меѓу двете сини и двете зелени очи го осликаа ореолот на вечноста впивајќи ја љубовта како неизбришлив белег.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Снеже со очите го впиваше лицето на Рада. Ја восхитуваше со бистрината што ја гледаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со исти очи го замислуваше и својот љубен во морнарска униформа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И со крајот на окото го следеше прислужникот и кога тој се поткреваше да си оди, се стркала во неговата дланка мала сребрена пара.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сосема се долепи до Арса и со своите благо примижани очи го бараше неговиот поглед како да сакаше одобрување за своето каење и извинување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уља после ми го зема од пред очи го замива во млака вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со очите го барам сонцето, се пулам и во него, како во најблизок човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Збирам душа меѓу буките и го мерам едно дрво. Со очите го мерам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не очекувале, сепак видовитиот несреќник јасно проговорил, не можело да се сфати умира ли или зачекорува исправен и наеднаш повисок и од највисоките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакал да се увери дали девојката од куќата на крвопролевањето во кое загинал Борис Калпак не се влече уште по нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Еден се смее, други плачат. Кога ќе нè покрие земја, и ние ќе се смееме.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак се собравме околу огновите. Со ококорени очи го гледавме умирањето на пеплосаните гламни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаев дека пликовите на неговата изгорена кожа се како наголемени рибји очи и верував, тогаш, дека под нив месото е црно и црвено, недојагленосано но не и со толку крв како пред тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Погледнал во чекорењето преку рамо. Очите го болеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И со склопени очи го гледав зад зелена магла човекот-факел како споулавено трча, а зад него, зад границата на тој настан, се протегаа моите соништа врз почва покриена со кожа на џиновски гуштер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со очи го повикал светот на светците и ги кревал рацете кон нив, сакал да ја одбие од себе незаслужената среќа тој да го уништи чудовиштето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неканетиот со ширум отворени очи го проследи неговото движење и му ја зеде од раце испразнетата чаша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но таа не се смееше. Тоа нејзините очи го говореа. По неколку дни Жаклин пак донесе пари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еден чиновник од отсекот со свои очи го видел мртовецот и веднаш препознал дека тоа е Акакиј Акакиевич; меѓутоа тоа му влеало толкав страв, што тој почнал да трча со сета сила и не можел добро да го извиди, туку видел само како овој оддалеку му се заканил со прст.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во полицијата беше издадена наредба да се фати мртовецот по секоја цена, жив или мртов, и да биде најжестоко казнет, како пример за другите, и дури речиси успеаја во тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во твоите празни очи го гледам сето кое било: од нас пропуштена приказна за двајца со верба.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Пред моите очи го забележав мајкиното писмо на кое вчера бев решил да одговорам денес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Александар не забележа дека Бојана сега оганот од нејзините очи го има насочено кон него.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Неговото испиено темномуресто лице оживе, неговите очи го изгубија потсмешливиот израз и станаа речиси занесени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и од монетата очите го следеа. На монетите, на марките, на кориците на книгите, на транспарентите, на постерите и на кутиите од цигари - насекаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Богуле сѐ уште со очите го испитуваше деда си.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога таа го виде на портата, малку се израдува, но со влажни очи го пречека, оти братчето и го зедоа Бугарковци, та којзнае дали не ќе пропадне некаде патема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Арслан се загледа внимателно во Анѓа, која ја држеше понаведнато главата, но очите го стрелаа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ова што се случува пред нејзините очи го говори токму тоа. Се свртува на кај сите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
За да не го занесува погледот во ретровизорот каде што нејзините игриви очи го чекаат, тој ја крена левата рака преку рамено и успеа да и ја положи дланката на малечката врз левиот горешт образ.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Расмеано право в очи го гледаше Еда, а со залажувачки погледи повремено се свртуваше кон Марка со цел да му обрне внимание дека таа слуша со посебно интересирање како тие двајцата зборуваат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вчера таа пак со пластичната кеса со леб меѓу нозе, седна до него и гледајќи го право в очи го праша: „Вистина е дека си ти шпион?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нејзиното бледило и нејзините ширум отворени очи го трогнаа; се насмевна и помоли да не биде погрешно разбран.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа колоната несигурно одеше и со крваво око го мереше камењарот, сивата свирка на нероденоста, пустошта и голотијата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во очите го печеше болка. Како коприва.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не гледаше во неа, чувствуваше дека нејзините очи го прогонат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Очите го болеа од лутата пот, се замаглуваа и, зашто ослепуваа, видоа три белозелени маслинкени стеблаци. Сплетени гранки на маслинки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се разбира, зборувајќи го ова, пред очи го имам нашето искуство, нашата судбина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но кога на титлата, богот на подземјето се појави како Хејдис, ќерка ми Лара реагираше: Тоа не е вистина! Каков Хејдис? Тој се вика Ад.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Севидечкото око го надгледува градењето на Novus ordo Seclorum.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Проблемите со нашите болести“, велеше, „настапуваат тогаш кога ќе бидеме упатени во валканиците на животот а не сме во состојба да помогнеме тие да се изменат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко ти имаше право кога велеше дека затворените очи го чуваат срцето, а и на умот му помагаат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Низ сопствените очи го пресликав од сопствената глава!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Еден мобилен енграм, би можеле дури да кажеме, „понадворешнување”, такви комплицирани нешта...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Овој свет во допир со несовршенството на реалноста, во моите очи го отслика светот на мизерноста, болката, ужасот од уништувањето на се што создаде Бог.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога би зборувала за мојата комплицирана личност нема зборови кои ќе му дадат значење на тоа што го чувствувам, зошто ова е повеќе од чувство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Морнарицата на големиот Вок со едно око го прифати новогодишниот караван исфрлувајќи го на определени места според големиот план на Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Со обете раце го подигна големото дебело црвено веленце, на око го измери, го израмни со дланката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дедо ми го слушаше и право в очи го гледаше со подотворена уста.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Богами, не знам што да речам, - загрижено вртеше баба ми со главата и под око го меркаше Чавка кој се беше загледал во телевизорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Има нешто ѓаволчесто во нејзината насмевка, а одблиску и очите го попримаат истото тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Единственото нешто што би можело да ме натера да се дружам со неа е тоа „нештото ѓаволесто” што го забележувам, а не умеам да го објаснам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Стотина очи го следеа натпреварот на детето со смртта.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)