око (имн.) - ме (зам.)

Едниот од нив вчудовиден прошепоти: - Пули го оној : покажа со глава на светецот - како и да мрднам, од каде и да го погледнам, право в очи ме гледа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ниту мрда, ниту се движи и само ме гледа, та право в очи ме гледа!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Да, бре, мајката, право в очи ме гледа!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И после толку многу години талкање и осаменост се појави од некаде, затскриена, уникатна, комплексна, енигматска, екстравагантна, филозофска, авангардна, искрена, сензибилна, шармантна, со целата своја гламурозност и раскошност воскресна „големата слика на љубовта“.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во свежите и остри утра и уште постудените ноќи сјајот во едни веќе далечни очи ме запозна со топлата страна на студот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Освен мене, во храмот немаше никој, а сепак, нечии очи ме следеа скровито, упорито.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се прави како божем не ме гледа, ама знам оти ме гледа, под око ме држи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зелените очи ме прострелуваат,потоа омекнуваат: Може!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Сѐ до денес!“ Додека го гледал театарот пред своите очи и ги слушал коментарите се сетил дека со исти такви очи ме гледал некогаш и тој самиот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дедо ме гледа одозгора: со некои плитки очи ме гледа, наплитко сум му застаната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Токму да кажам дека греши, кога молскавичниот блесок во окото ме впива во себе.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ме вџаши нејзиниот мир. Неискажливо тажно, без отпор, нејзините очи ме набљудуваа од друг свет , како да ме жали и теши во ист миг.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Препарираниот орел ме нишанеше со остриот клун а стаклените очи ме гледаа како да сум најситно врапче на светов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сите нешто под око ме гледаат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нихна хубавина не може да се искаже, лицата нихни беха пресветли, со очите ме гледаха мило, на главите нихни косата им беше бела како снег, како златна светеше, рубите нихни беха како това што светнуе на небо кога има дожд.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)