око (имн.) - ни (зам.)

Очите ни се широко отворени кон небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Тој ден очите ни беа полни ужас, уплав, очај, колнежи, пцости и безнадеж...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Само Чако гледа што правиме. Иди по нас, истрчува пред нас и нѐ гледа право в очи. Нам само очите ни се зголемуваат. 157
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одиме од едниот до другиот крај, ги слушаме бродските сирени, грачењето на галебите и полека надоаѓаат, небаре како бранови допловуваат и пред очите ни се втиснуваат спомените.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Очите ни се, по традиција, скришен резервоар за желби. како за таен улов остриги, јастози пиздици и листови.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)