око (имн.) - негов (прид.)

„Ами ако разберат другарчињата оти за неа дојду?“ — се стресе и просто ги избегнуваше сите нивни погледи, плашејќи се да не му ги прочитаат во очите неговите мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во моментот му излезе пред очи неговото црно Кате како го држи машкото дете на градите и си го гали како тој Митра.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас дури сега почнував да ја признавам за себе правата цена на неговата личност, и ништо од порано - ниту она големо залагање да ни ја предаде скаутската теорија, ниту вештината да ги примени тие знаења на самиот терен - не можеа да го закрепат во мои очи неговиот авторитет така, како оваа согласност да ме води кај воспитачот. пред кого сам не се решував да стапам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Подумав малку и реков, под принудата на бичот на окото негово што висеше над мене: „Оче Стефане, јас не мислам ништо инакво од вас“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми се стори дека во темница останав јас, мрава црна, на црн мрамор, во најцрната ноќ, оти свеќата на отец Стефан Лествичникот светеше со светлина студена, како светилото ноќно на небото: светеше само толку колку да се каже оти не сме слепи, како окото негово помрачено од бело перде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Писмородецот ме погледна и ме шибна со ровја од окото негово потемнето од бела скрама, но Царот подзастана и рече: „Дајте му ги стакленцата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ОЧИТЕ негови да ме приберат... И се смрамори...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ти секогаш мене ме крепеше - ОД ПИШАНОТО НЕ СЕ БЕГАЛО! - ете, така ми било пишано - бездвеме да ги видам очите негови - да го заљубам, да изгорам по него - да згаснам - Ѕвезда од небо падната...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Може ли во очите негови да сум пропаднала?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Оф, јас сирота, ако згаснала светлината во очите негови - и јас ќе згаснам!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ѕвезда заџарена во него. Врз очите негови в миг превези паднаа.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во очите негови - мајка ја гледа ликата на Ѕвезда - како наживо ја гледа - светната - небаре ѝ го клава невестинскиот превез.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И дење и ноќе очите негови ги гледам... и тој насон ме гледа - ама ништо не ми зборува.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Само барем малку да му се оддалечам, здив да можам да земам и да можам да се завртам, да го видам, да си ја оладам душата во очите негови, да му потонам некаде, в срце да му се посадам, таму корен да му фатам и како в градина да му никнам.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)