око (имн.) - сличен (прид.)

Кусо потстрижана коса, што очигледно и ја фазонирала некоја невешта фризерка, тенки нозе, тенки раце, тенки прсти на рацете ... сѐ тенко и издолжено, лицето и вратот исти такви, очите слични, малку искосени кон слепоочниците, темна кожа... никаква блуза и панталони.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се работи за инсталација, составена од голема кружна видео површина, на окото сличен интерактивен интерфејс и транспарентна (стаклена) тиква со отвор, низ кој што можеш да го носиш споменатото „око”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Оригиналниот интерфејс, значи несекојдневна тастатура, маус или џојстик, е важен стимулатор на естетската перцепција во смисла на продолжена осетли­вост и кај уметничкото дело/инсталација на Agnes Hegedus, Поглед со рака, за коешто софтверот го напиша истиот автор кој прави софтвер и за Shaw, Gideon May.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зад некаков срт се поткренала месечината со едно око слично на Арсовото. Личела на презрел резен дуња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Тој е глув а син му е далеку. Пак тишина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ѓорѓевица гледа во лицето на Кузе, ги мерка неговите очи слични на гладно прасе, прекрстува раце, мисли, воздивнува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Плус, ми се гледа некако „смотана”, како „загубена во вселената”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)