око (имн.) - веќе (прил.)

Нешто озгора ме слабее. Зад очите веќе немам потпир.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
До третиот ден очите веќе неподносливо го болеа, а неговите очила бараа бришење на секои неколку минути.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Огнот кој почна да избива од нивните очи веќе беше забележлив од далеку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секоја со крајот на окото веќе беше капарисала по еден од студентите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го сети ти тој молк твој што те закла таа добрина твоја што те мами дека не ќе те израсне и снебиден ти за туѓи очи веќе, заспи над ова голо тело Молчи Тивја патот долг.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во неговите очи веќе нема знак на топла светлина за да покаже дека во него има срце, дека е направен од месо и нерви.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Очите веќе му беа бистри како кога се врати без револверот со калибар седум шеесет и пет бо уште со пасошот в џеб, со таа црвена книшка на магиска моќ да се отиде во невидени светови или на иселеничка плашлива надеж дека човекот може да најде и втора татковина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А со очи веќе го бара стопанот со недопуштена стутканост на лицето: не му се нужни парите зашто ќе му остане часовникот за кој, итречки но без уверливост, сака да докаже дека е од злато.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Ни очите веќе не му се гледале од влакна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Набожно се гледал себеси во светлост на идни божествени зори и ги пцуел четворицата шутови на своето подбивно кралство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Јас ќе се здружам со тебе, првпат проговорил Онисифор Мечкојад, можеби навистина првпат по бесењето на селскиот призрак Јаков Иконописец - Една воденица, двајца стопани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Галебе мој, јас очи веќе немам. Не слетувај на моето срце!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
- Погледнав со голема надеж кон иследникот, но искрата во неговото око веќе беше згасната.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Грофот гледаше низ мене во бескрајот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Очите веќе ѝ се суви и ширум отворени. Се преплашува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И Миле беше таму. Тој се бесеше на мостот и трчаше по решетките.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Треба да им кажам на другите деца! - очите веќе почнаа да ми се полнат со солзи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мислеше: да ја фатам планината, па да видиме кој кому ќе плати, стар сум, а и окото веќе не ми нишани; да побегнам некаде – нема каде, а и ако побегнам, тој ќе ми плати со крвта на некое од децата; да седне да чека да биде што ќе биде – ни тоа не му се сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И очите веќе не му светат. Зајдена му е светлината. Сѐ е загаснато на него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)