око (имн.) - понекогаш (прил.)

Во неговите очи понекогаш се гледаше силна желба да учествува во некој интересен разговор и круг, но мислата го кочеше: да не биде тоа премногу од негова страна, да не биде фамилијарно, и да не го намали на овој начин своето значење?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И дури зборуваше, тој покажуваше со колку деликатни движења ја вршел сета работа, а црнките во зелените очи понекогаш ќе му се збереа, небаре силна светлина го заслепуваше од тие сцени што му се будеа во свеста.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И како последица на ваквите размисли тој остануваше во секогаш истата молчелива положба, изговарајќи само одвреме-навреме некакви едносложни звуци, и на тој начин се здоби со титула на најздодевен човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)