око (имн.) - тогаш (прил.)

Но, не можев да ги симнам, потсвесно сакав да се измачувам, да гледам во тие неподвижни опскурни референци на некогаш среќни лица и да повторувам колку длабоко ги презирам тие очи и тие усни кои љубовта ја претворија во болка, или уште полошо во рамнодушност, како никогаш и да не било.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дишиме бавно, длабоко, повторувајќи ја молитвата, се обидуваме да дојдеме до состојба на мир, спокојство, светлина која би не исполнила со неискажана радост, милост, блаженство и благодарност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Рамнодушно ги мразам сликите кои како дежаву се појавуваат пред моите очи тогаш кога најсилно посакувам да ги заборавам, во нив имаше нешто трагично, инсинуации, глува тишина и привид на среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „А каде е душата?“ Ако е во очите тогаш во твоите очи јас ја најдов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)