око (имн.) - додека (сврз.)

Нога за нога се врати крај масичката, седна и продолжи да пишува: Решив да го направам ова, да ти напишам нешто, бидејќи немам храброст некои работи да ти кажам в очи додека сум жива.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Смеењето ѝ гргореше како бистро поточе и таа нестрпливо си ги зафрлаше перчињата темна коса што ѝ паѓаа над очите додека црташе на масата во кујната.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И, додека клечеше пред запечените Германки, тие превртуваа со очите додека тој им ги облекуваше влечките и ги галеше по зглобовите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во која група на сообракајни знаци спаѓа она „СТОП“, во зелена боја, а го читаш во туѓите очи додека се бараш во нив за да се огледаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А човекот со хармониката, спечен и со удови на инсект, се виткаше и пиеше вино со затворени очи додека еден младинец му ја држеше стомната на уста, куц, тој со години подвижноста ја пренесувал во колковите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имало, значи, полно факти што го натерале Стег да ја даде следнава необична оценка за солунската полиција: “Слепилото на полицијата, којашто дозволила такви значајни работи да се изведуват во најнепосредна близина на Банката, толку голема количина динамит да се внесе или произведе во Солун и непознати сомнителни лица да одат и доаѓаат без да бидат забележани од нејзините агенти, овде изгледа толку необично што, според мислењето на голем број луѓе, тоа не може на друг начин да се разбере, освен со тоа: можеби е дадена директива таа (полицијата) да ги затвора очите додека револуционерите не се осмелат да преземат акција од таков карактер којашто на властите би им дала можност да ги оправдаат најстрогите репресалии“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сега ќе мора да му пронајде вистинско место каде ќе му ископаат гроб, некое сепак повисочко отколку што беше самиот вагон а кое нему не му се пикнало во очите додека го премерувал синорот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Инаку: сивило дење, да не знаеш дали е сонце надвор или е стуштено од облаци пред дожд: а ноќе, мрак да не можеш да си ги погодиш гурелките во окото додека си наумил да ги исчепкаш мрсулите во носот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Воопшто не му пречеше здивот на згурата што ја газеше покрај шините, како што не му пречеа ни раските од димот на локомотивата што му ги насолзуваа очите додека се наведнуваше низ отворениот прозорец на возот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така и ја памети Севда баба си Ѕвезда: со двете раце ја држи патерицата, потпрена со стомакот врз неа и со главата поткрената за да те гледа в очи додека разговара со тебе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Гаснат убавите очи на светецот загледани во најубавото, разбеснето небо, гаснат очите додека првите секавици го шаркаат намуртеното, разбранувано езеро.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
5. Три месеци отец Ангелариј потајум ја оставаше навечер портата од манастирот отворена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И се буди библиотекарот Филип Филиповски тешко, мачно, сосем излекуван од тешките депресии поради поплавата во Библиотеката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)