око (имн.) - зашто (сврз.)

Сити сме и од тескобите и од тешкото време, особено во ова наше време. Затоа, пријателе, те молиме да ни ги ископаш очите зашто веќе не е за гледање, не е за слушање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Стариот ковчег, во распеани бои, со цвеќенца, со иницијали, паѓаше в очи зашто стоеше како камен – темелник на нов дом кој почнуваше да се ѕида.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И зошто во оваа огромна маса луѓе тој сега не сака да се дружи со други, кои исто така се осаменици туку, кои исто така бараат некого кому би да ги искажале своите маки и чемери.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Орлите ја сакаат висината, широките пространства и тишината што ја дава планината.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тоа беше нашиот дух, Науме, што светеше во мракот и секогаш пред очи ги имав тие пламенчиња и на жнеење, и на гроздобер, и на тивки седенки на кои повеќе пеевме со очи зашто под прозорците се врткаше грчкиот полицаец...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не, тој така ја држеше раката и мижеше со едното око зашто така му изгледаше дека гулабите летаат пред неговата рака а тој ги турка напред.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Заради задачата “Ема”, кога со полицајката ќе останеа сами, се однесуваше необично, плашејќи се да не ѝ погледне в очи зашто таа сигурно знаеше (така претпоставуваше Деница) да прочита барем мал дел од нејзините намери и затоа, кога ќе останеа сами, Деница разговорот го насочуваше кон нешта кои бараа двете да гледаат нешто таму некаде, да пребаруваат таму некаде, да се смеат или да се чудат на нешто што е таму некаде, надвор од нив, а пак тука некаде, во близината, во канцеларијата, во собата, во ресторанот, на улицата, кон нештата кои беа доволно интересни и важни за да бидат двете свртени кон светот што ги опкружуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога мислеше на тоа, му беше страв да затвори очи зашто веднаш во мракот се појавуваа ровови, а во нив телата на момчињата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)