околност (имн.) - кој (зам.)

Работникот е должен да го известува работодавачот за суштинските околности кои влијаат, односно би можеле да влијаат на исполнувањето на неговите договорни обврски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Одговорноста за обесштетување на работодавачот се однесува, исто така, и на штетата која работодавачот ја предизвикал со кршењето на правата на работникот од работниот однос (чл. 159, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, и покрај фактот дека овие приказни внесуваат одредена детерминираност во животот, тие ретко успешно излегуваат на крај со сите непредвидени околности кои искрснуваат во “животот како таков”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој аргумент е уште појак ако се земе предвид степенот до кој таквите приказни се канонички и дотолку одредени од средината колку и од индивидуата, како и тоа дека тие се историски создадени во контекстот на специфични институции и социјални структури.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ништо повеќе од мудро сврзан сублимат на претходното знаење и случајни околности кои мозокот ги соединува.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Притиснат од новите задачи во гимназијата, а и од самите околности кои многу не дозволуваа човек да се одлепува од денот, средбата со учителката од Гаково, на некаков волшебен начин, без воз што татни со денови, ме врати во Гаково за да можам да се видам себе си како во огледало, ама во такво огледало во кое твојот отслик не се менува независно што изведуваш пред него, во него остануваш кадриран и замрзнат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но, предвидена е и изречна одредба кандидатот да го извести работодавачот за болестите или други околности кои можат, било како, да го оневозможат или суштествено да го ограничат при извршувањето на обврските на договорот или, пак, можат да го загрозат животот или здравјето на лицата со кои при извршувањето на своите обврски доаѓа во контакт (чл. 26, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во таквите околности кој да мисли на еден Русин, уште повеќе кога беше присутно и сомнението дека сам си го одзел животот?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најнапред помислив дека татко ти го има одведено Ролана на лов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не бев со нив кога ги собраа и одведоа, затоа и не можам да не се чувствувам виновна за нивната смрт, па иако јас, лично, го избегнав тешкиот прст на судбината поради околности кои не можеа да им наштетат на жртвите", си спомнуваше таа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)