окупација (имн.) - во (предл.)

Таа покажуваше дека на Закинтос, и во новиот драматичен тек на времето, не настрада стариот дух на човечката солидарност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Според асоцијација на идеи, Сицилија, која не се наоѓа многу далеку од Неапол, се сеќавам, неодамна, на телевизија гледав кратка (многу кратка) емисија за албанската заедница која емигрирала во Сицилија по отоманската окупација во XV век.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Капитулацијата на Италија на 8 септември 1943 година значела напуштање од италијанските воени единици на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во еден непознат град се искачував по скалите до еден исто така непознат апартман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Истоварувањето на британско-американските единици во Италија го навестиле почетокот на крајот на италијанската фашистичка окупација во светот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кога го гледаше во тие свечености тивко да ја пее „Химна на слободата”, знаеше дека тоа кај овој човек не пее само патриотското, туку пред сè човечкото срце.  До крајот на животот, меѓусебно се гледаа со топло пријателство чија подлога беше солидарноста искусена во тегобните сиви денови на окупацијата во кои едниот на другиот си беа единствените светлини.  Кога во 1953 година островот го погоди катастрофален земјотрес и урна многу од градбите на стариот град, заедно со островските архиви пропадна и преписката на митрополитот на Закинтос со Хитлер, првиот брод со помош пристигна од Израел, со порака на која пишуваше: *„Евреите од Закинтос никогаш не го заборавија својот Градоначалник и својот сакан Епископ и она што тие го сторија за нас“*.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)