олтар (имн.) - во (предл.)

Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Една од понеобичните појави на нашето време се случи можеби по 1950-та кога денешните “модерни”, забележувајќи ја опасноста да “заглават” во слепата улица на простата сегашност, почнаа во недвосмислено креативна смисла насекаде да ги бараат своите “прататковци”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На овие претходници од не премногу одалечените времиња сега им се подигаат олтари во најдобрите галерии во Европа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)