омраза (имн.) - спрема (предл.)

Токму во Внатрешната партија воената хистерија и омразата спрема непријателот се најсилни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дамче се почувствува и понижен и навреден. И веднаш во неговото срце шибна омраза спрема него, спрема сите од Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој треба да живее во постојан набој на омраза спрема наворешните непријатели и внатрешните предавници, на триумф поради победите и на самоомаловажување пред моќта и мудроста на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На шестиот ден од Неделата на омразата, по парадите, говорите, извикувањата, пеењето, транспарентите, постерите, филмовите, восочните фигури, удирањето на тапаните и завивањето на трубите, по тропотот на чизми во марш, чкрипењето на гасениците на тенковите, брчењето на бројните авиони, пукотот на топовите, по шест дена исполнети со сето тоа, кога големиот оргазам наближуваше до својот климакс, а општата омраза спрема Евразија завршуваше во таков делириум што толпата, само да можеше да ги дограби оние две илјади евразиски воени заробеници што требаше да бидат јавно обесени на последниот ден од прославата, без секакво сомнение ќе ги раскинеше на парчиња со сопствени раце - токму во тој момент беше објавено дека Океанија сепак не била во војна со Евразија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така настанува длабока омраза спрема целокупниот космос кој со сите свои полиња и релации го обликува проектот што „експериментално“ го вклучува калкулативното мислење.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)