опасност (имн.) - или (сврз.)

Доколку работодавачот не ја отстрани опасноста или не постапува во согласност со мислењето на овластената здравствена установа, вработениот може да побара интервенција од надлежниот инспектор за труд и да го извести претставникот [на вработените] (чл. 39, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вработениот има право да одбие извршување на работа и доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Едно треба да ти е јасно: и во ваква неповолна ситуација граѓаните имаат право да знаат каков воздух дишат, навреме да бидат предупредени за можни опасности или последици од прекумерно аерозагадување.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Уште помалку можевме да разбереме зошто Татко, пред секоја војна и преселба, за нас, децата несетум исчезнуваше, за да се појави непосредно пред самата опасност или по неа кога ќе оценеше дека не била преголема за сигурноста на нашето семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
2. На секоја посмена капитулација потпишана од локален германски командат ќе ѝ се даде наслов нагласувајќи дека капитулацијата е од чисто локален карактер и стриктно ќе се ограничат на следните работи: а) Силите да се предадат безусловно положувајќи го нивното оружје и придржувајќи се кон наредбите дадени од Обединетите Нации како што ќе бидат распоредени. б) Сите авиони остануваат на земја и персоналот останува на постојаните позиции и ќе чекаат понатамошни инструкции. в) Не треба да има уништување, преместување или криење на воен материјал или друга сопственост. г) Сите затвореници на Обединетите Нации да бидат предадени веднаш. д) Веднаш да бидат дадени информации за локацијата на можните опасности или пречки за движењето по земја, море или воздух. ѓ) Да се постапува по сите понатамошни наредби и инструкции издадени од Обединетите Нации. е) Документот направен без пристрасност и ќе биде заменет од кој било општ акт за капитулација донесен од Обединетите нации и применлив на Германија и на гермаските вооружени сили како целина.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, како што истакнуваат многу критичари, воведувањето данок кој би бил доволно висок да ја обесхрабри потрошувачката, не само што не би ја постигнало целта, туку би го поттикнало црниот пазар на евтини дроги, а со тоа и во недоглед би ги продолжило токму оние општествени проблеми кои легализацијата се обидува да ги укине.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна, нискиот данок на дроги не би ја обесхрабрил потрошувачката, по­себно не на оние дроги кои, како крекот, создаваат зависност која не се обзира на цена, живот, излагање на опасност или достоинство.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)