општество (имн.) - ги (зам.)

Општеството ги мрази, а не знае зошто.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Родени се во времето на Втората светска војна, растат во времето на Хувер и Макарти, постарите браќа им се регрутирани во Кореја, мајките ги учат дека е срамота да се врти со колкови и да носиш тесни панталони, татковците ги учат дека е срамота да имаш црнец-другар, свештениците ги гушат да клечат на колена секоја пред својот тотем, општеството ги учи дека треба да станат домаќинки и да бидат верни сопруги што ќе израѓаат еден куп деца што ќе гинат по Виетнам - а тие се маѓепсани од Елвис, којшто заводливо врти со колковите, маѓепсани се од Џери Ли Луис и неговите тесни панталони со набабрен шлиц, маѓепсани се од црнецот Литл Ричард кога вели уап-баба-луба-би-ба-буп... и ете, затоа вриштат, затоа што им го бранат сето она што душата им го бара!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Веќе разгледавме некои примери за основните интуиции или за субјективните вистини кои, иако длабоко се чувствуваат, не ни ги одразуваат биолошките природи и психолошките премрежиња, туку општествениот поредок на нашиот свет и вредностите што се поврзани со него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е основата врз која ја изградив целава книга.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На пример, луѓето во нашето општество ги доживуваат генерациските борби меѓу мажите како трагични, барем потенцијално, додека чувствуваат дека генерациските борби меѓу жените не заслужуваат еднакво сериозно, односно сосема сериозно, размислување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И не може да се одрече дека голем број од културните практики што се поврзуваат со машката хомосексуалност се состојат од активности што нашето општество ги кодира како женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Судирите меѓу жените се претерани, театрални, пребурни – во секој случај, не се сосема достоинствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И едната и другата поента се важни; наместо да се избегнуваат, тие заслужуваат сериозно и постојано размислување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Антисоцијалниот вид естетика на машката геј-култура го усвојува тој симболизам за да го оспори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога ја зазема женственоста како заменски идентитет за геј-мажите, машката геј-култура ја разобличува и ја онеприродува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, самите геј-мажи се жртви на културниот симболизам на женственоста – иако тие од него страдаат поинаку од жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако машката геј-култура го зајми омаловажувачкиот културен симболизам што е сврзан со женственоста и ако дури и ужива во тоа, тоа е така затоа што во женствената идентификација гледа стратегиска можност, која со радост ја користи – можност да ја обессериози сериозноста со која нашето општество ги третира сопствените родови конструкции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој ги обликува нештата што ни изгледаат како длабоки, трајни интуиции за светот и за нас самите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Поимањето дека „гејството подразбира многу повеќе од сексуални партнери и практики“, дека „некои од својствените димензии на машките геј-животи (одат) подалеку од сексуалноста сама по себе“, дека она што ги прави геј-мажите поинакви од стрејт-луѓето лежи во „несексуалните димензии на природите на геј-мажите“ и дека машката хомосексуалност затоа може да се сфати како конкретно културна практика, а не само како сексуална, претставува клучно согледување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што го нарекуваме владеење на традицијата всушност претставува рефлекс на околностите во кои луѓето живеат по шемата „јас те набљудувам тебе - а ти мене”, кадешто секој е под контрола, под притисок на одреден тип на навики и обичаи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Понекогаш предмодерните општества ги нарекуваме традиционални.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Па сепак, се чини дека фасцинацијата со средиштето најпогубни последици има во подрачјето на општествената рефлексија - во сферата на идеите што општеството ги произведува за себеси, во точката во која се одвива трескавичниот обид за разбирање на политичките, општествени и културни процеси што доминираат со нашите животи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како воопшто мислиш да преживееш ако не направиш конкретни работи што ова општество ги вреднува?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И се затскриваше со рака кутриот младич, и многупати стреперуваше подоцна низ својот живот, гледајќи колку многу во човекот има нечовечност, колку многу жестока грубост се крие во образованата друштвеност и, Боже! дури и кај оние луѓе што општеството ги смета за благородни и чесни...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)