општество (имн.) - да (сврз.)

„Всушност“, вели Лефевр, „како би можеле да постојат урбани митови во вистинска смисла на зборот, пред големото пресвртување што го наведува сето општество да се стави на страната на урбаната стварност намалувајќи ги специфичните тежини на земјоделството, селскиот живот, проблемите на селаните?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во Ласиќевиот модел на узорна интелектуалност доаѓа до израз синдромот на добронамерната конструктивност кој на виделина го изнесува стариот копнеж по привилегираната општествена улога на интелектуалецот, по онаа улога што во општеството ја играа чудотворците и шаманите, пророците и свештениците - сите оние чијашто задача се состоела во тоа празнината околу која се конституира општеството да ја исполнуваат со еден провизориум од пророштва, митски приказни и религиски слики на светот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Што ја карактеризира постмодерната форма на заедница?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во онаа мера во која таа „средна” и „помлада” генерација е урбанизирана, во истата мера е можно општеството да се извлече од октоподските пипала на народњаштвото, коешто секогаш е фундаментално (и тоа на еден најопасен, приземен и силеџиско нивелирачки начин).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Да ги предупредиме сега сите оние заспани духови дека денес повеќе од кога било е јасно дека овде станува збор за намера општеството да се варваризира.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)