оратор (имн.) - или (сврз.)

Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кападокискиот истражувач на болестите ги посочува меланхолијата и манијата како два пола на лудилото: “Меланхоликот се осамува, се плаши да не биде прогонет или затворен, се измачува со суеверни идеи, го мрази животот,” тој “го проколнува животот и ја посакува смртта”; оние, пак, кои не се обземени од меланхолија, туку од манија, се во неконтролирана фурија, возбуда или веселост, и во овие состојби може да се чувствуваат инспирирани за големи дела за кои немаат подлога да ги направат, или пак можат без некоја вистинска причина да убијат некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)