ориз (имн.) - или (сврз.)

И за саралија со шеќер или со мед, за мазник - кори печени на сач и клавани една врз друга, та попрскани со млако топена маст, кори за оризник – и тие печени и попрскувани со маст и ориз или кори за лешчалник и фасулник, пак печени на сач та поливани со леќа или грав омекнати во млака овча маст...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој набрзина ќе ја исркаше чорбестата манџа, безвкусна и безимена, и бргу бегаше назад признавајќи си дека никогаш немал смисла за вкус и што се однесува до него можеа да му дадат јачмен место ориз или да му подметнат прлешко место јагнешко месо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се случуваше, кога одеше да ора некоја од нивите и ако не му го однеле навреме ручекот, да ја фрли тепсијата со ориз или компири од другата страна на нивата и по саат или два, кога ќе огладнеше, да оди и да го изеде ручекот!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)