орудие (имн.) - во (предл.)

Штом е така и штом образувањето на народноста е политичко-механички процес, тогаш се имаат сите нужни услови за одделување на Македонија во самостојна етнографска област: Македонците имаат општа татковина, последнава постепено со реформи се одделува во самостојна политичка целина, во неа има „неколку колца од јужнословенскиот јазичен синџир”, тие колца многу лесно се обединуваат со општото признавање на средното од нив за општо орудие во искажувањето на литературната реч за сите интелигентни луѓе во Македонија и за во книгите и во училиштата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со вешто исплетени дезинформации, преку некои македонски орудија во рацете на бугарската пропаганда, ТМОРО беше свртена не само против Мисирков, туку и против целото ова движење што го раководеше МНЛД на чело со Д.Д.Чуповски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние сакавме да покажеме оти и покрај нашето образование и воспитание во разни држави или пропаганди, ние претпочитаме сите да направиме отстапки од своја страна за општомакедонските интереси, за да не бидеме орудие во рацете на пропагандите и на нивните цели: за да не се стремиме кон соединување ни со Бугарија, ни со Србија ни со Грција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога работел на Харвард и во Милбрук, експериментирал со употребата на нови орудија во психотерапијата - поточно со психоактивни дроги.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Деструкциската уметност комуницира такво визуелно знаење што може да ја оживее материјалноста на животот од насилната, дисконтинуирана деструкција која го загрозува опстанокот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Телото може да биде орудие во она techne на опстанокот и може да делува како транзит помеѓу процесите, јазични, искуствени, и нивните објекти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакав само да речам дека јас Silvia la casamantera la mui celebra de Dorcol i todo lo Bilugrado9, сум само орудие во Неговите раце, па ако е Неговата волја, и за син ти ќе се најде девојка спроти него”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Значи да е добра и млада и од семејство и...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од една страна, тишината претставува смрт, исчезнување на звуците, вакуум од кој се грози позитивната музичка традиција бидејќи во неа се поништува и губи, па затоа тишината и стана така делотворно субверзивно орудие во рацете на новите уметници.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)