оружје (имн.) - замине (гл.)

Овој пат денот ни беше наклонет, немаше магла, снегот малку се намалил, имавме искуство, селото се гледаше и кога се наближивме, тешкото оружје замина напред и почна борбата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На три четири дена пред Илинден, на тумбата Становица, над селото Жиово, се собраа прилепските војводи со своите чети да го направат планот за напад на мудурлакот во Витолишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но место за Прилеп, ова оружје замина за Пирин со кое Сандански навистина наоружа стотини свои востаници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Продолживме, повторно за Ќафа, облеков многу чорапи и повторно без опинци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)