отвореност (имн.) - со (предл.)

Мислам дека во еден момент и отворено загатна оти токму конечното заминување на мајка му ја нагласувала потребата да биде уште поупорен во потрагата по таткото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оваа светлина која поучува како најотворено да се разговара со себеси, упатува на оние карпи, на оние камењари кои доколку подолго ги гледаш ќе забележиш дека и не е така тешко да се стане и камен! Дури и - мрамор!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
О, јас најдобро знам колку сеќавањата умеат да не измамат! ) Тоа утро покрај Пребег ме заскокотка отвореноста со која Иван застапуваше некои од своите сознанија и претпоставки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сѐ зависи од отвореноста со која се разговара со себеси и готовноста да се восприемаш и како камен...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)