откуп (имн.) - за (предл.)

Ајде да јадеш, Костадине... Да каснеш, да се поткрепиш... (Јадењето е сиромашно: црн леб и чорбест грав).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
За надниците на стручните работници се проценува дека до завршувањето на различните работи ќе бидат потребни од три до пет милијарди драхми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И кога се враќал од печалба се женел. И давал откуп за невестата како дар на татко ѝ. И тој под стари години да види фајда.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
На немилата ситуација, да не должам понатаму, ќе ѝ ставиме крај со вкупниот откуп за нивната слобода, што успеав да го издејствувам пред воените власти”, полн со ентузијазам им објаснува д-р Мертен на соговорниците од Координациониот управен одбор и претседателот на солунската еврејска заедницата Сабетај Салтиел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Лобуд-паша му го дал на Ѓурчина ќемерот од Алија со парите, коњот и јатаганот, и уште му го дал и откупот за главата на разбојникот што била уценета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)