офицер (имн.) - во (предл.)

Пак отишле таму, во Тројкрсти, кај синовите на предавникот, а тие во меѓувреме не тргнале оп стапалките на татка си, биле партизани, станале офицери во нашата војска, и им кажале и кога го убиле и зошто го убиле и кај го фрлиле потоа татко им.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од своја страна претставниците на сојузничките влади знаеле дека одреден офицер во некој оддел од Воениот кабинет е одговорен за движењата на отпорот и илегалните движења.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Германскиот военостопански офицер во Софија, во својот извештај од 30 април 1943 година истакнува: „Кај Прилеп од страна на бугарската полиција се фатени три лица, очигледно фрлени од англиски авиони, и тоа поранешниот директор на Алатини-Мајнс господин Морган во униформа на англиски мајор, еден југословенски офицер во униформа на поручник и еден англиски механичар (десетар).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Продолжи ги овде правните студии, кои веќе ги имаш започнато со француските офицери во Поградец, со твоите француски, египетски, швајцарски граѓански законици, како што ми пишуваше пред да допатуваш во Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ти ми пишуваше дека со себе во Турција си ги носел закониците и книгите на Монтескје што ти ги дале француските офицери во Поградец пред твоето заминување за Цариград.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Спроти вратата во одајата, зад гостинската долга маса, седеше гологлав офицер во лицето како некое берберче, со кноки мустачиња.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Над ковчегот фотографија на млад офицер во униформа на кралска српска војска.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Син му на Ризван бег, Абдула ефенди, долги години беше офицер во воената комора што се грижеше за снабдување на војската.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А пред наседнатата толпа, со подрасчекорени нозе во брич пантолони стоеја тројца офицери во униформи од сив офицерски габардин, само со револвери на појасите, нешто на луѓето им велеа или ги прашуваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас бев офицер во Југословенската армија и се селев од Босна во Словенија така што повеќе со Уртето не се ни чувме ни видовме...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во крајна линија сите во секретаријатот имаа дојдено по роднинско – пријателска линија или по препорака на некој висок политички функционер или офицер во гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Петар, како што се викаше, имаше своја канцеларија, нешто како свој штаб со неколку гардиски офицери во близина на зградата на секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Автомобилот застана на десетина чекори од него, кочниците како плугови се забуцаа во разјадениот камен. темен оклоп со две светкави џиновски очи, по сè - весел оклоп, Марлен, Марлен, Марлен, и двајца излезени од тој оклоп: сува жена и германски офицер во кабаница, долг и исправен, како обесен на закачалка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Меѓутоа, најнеобична е историјата на неговите француски книги од областа на правото добиени од француските офицери во Поградец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие денови, или поточно набрзо по доаѓањето на Белогардејците во нашиот град, овдешната армија издала наредба да се примат од редовите на руските офицери повеќе инструктори кои ќе им помагаат на српските офицери во обучувањето на војниците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Притоа постојано поднесуваше пред очите на заинтересираните и една вистинска бумашка потпишана божем своерачно со крвта на познатиот Кравенчук, висок офицер во приштабската единица на генерал Деникин со кого заедно, само двајцата, ја бранеле отстапницата на Белите во една безмилосна схватка со Црвените.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)