пазар (имн.) - или (сврз.)

Само на рускиот конзул од Битола ќе се предадеме, кога веќе вие не си го држите зборот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ви кажав... Вие ќе има само да колект мани и кога ќе ти текне - качи се на чоперот и фати така преку, на пазар или каде што сакаш...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Додека невенчаната снаа, сè уште расплакана и така неповрзано, ѝ расправаше на жена му како била на часови во Академијата, како на враќање навратила на пазар или во продавница да купи нешто за јадење, како го затекнала Нака неподвижен на троседот, како ѝ се сторило дека не дише и како избезумена сепак била толку присебна да викне Брза помош, а неа еве уште ја нема - Гого седна до синот и лесно го поттурна по рамото, како да сакаше да му каже: доста се поигрува со нив и се преправа дека му е лошо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дали обесен на ат пазар или застрелан овде во ниското одајче, сега нему му беше сеедно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имено, едно претпријатие има доминантна позиција на релевантниот пазар, ако како потенцијален продавач или купувач на определен вид стоки и/или услуги: 1) нема конкуренти на релевантниот пазар или 2) во споредба со своите конкуренти има водечка позиција на релевантниот пазар... (чл. 10, ст.1, сл.1-2sq од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И на крај, најважно од све е никако да не се купуе ракија од пазарче или такозваната „брзосмртка” (праена у када од шпирит и вода) која е виновна за 70 процентна смртност кај македонските алкоси.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А, пак, целта на нашиот „антимонополски закон“ е обезбедување слободна конкуренција на домашниот пазар, заради поттикнување на економска ефикасност и благосостојба на потрошувачите (в. чл. 3 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)