пакт (имн.) - во (предл.)

По пристапувањето на Романија и Бугарија кон Тројниот пакт во почетокот на 1941 година, било сосема очигледно дека балканските држави ќе бидат изложени на силен притисок од страна на нацистичка Германија за пристапување на Кралството Југославија кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај големата дипломатска активност од страна на Велика Британија да се убеди Југословенската влада на Кралството Југославија да не пристапи кон Тројниот пакт, германските "убедувања" биле поцврсти и поприфатливи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нивниот цврст став дека „нема благонаклоно да гледаат на склучувањето таков пакт во овој момент“ бил проследен и до Владите на СССР и на Велика Британија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пристигнувањето на оваа информација во Министерстото за надворешни работи на Велика Британија предизвикало отворено задоволство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)