пари (имн.) - може (гл.)

За разлика од тие на „Елисејските полиња“, овде за малку пари може да се добие добар оброк.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ете, човек без пари може и да полудее. Тоа е потешко од прангите и стаповите на полицајците.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Треба да знае дека и за моите пари може да лежи в затвор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Барем писмо и пари може да испрати без знаење на тие двајца монструми што го родиле.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Е, кој знаи дали беше слатка, бре брате, јас му ја продадов на еден муштерија, за шес - десет, чунки со тие пари можам да си ја наполнам куќата со многу нешта.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Парите можат да се потрошат и тогаш кога за тоа не постои некоја голема потреба, а тоа не е убаво, Парите можат да се чуваат, да се штедат, како што велиме, а кога ќе се присоберат повеќе и кога ќе ни се укаже прилика со нив да се купи нешто значајно, да се сврши некоја важна работа, а тоа е убаво.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)