пари (имн.) - чини (гл.)

Се поохрабруваш пак, нешто те држи сепак ти го крепи духот, тие веќе некако ќе ти го одредат талентот, знаат тие, проклет да бидам, знаат, знаат кој колку пари чини.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Те видов колку пари чиниш, затоа и ти велам да останиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ги местам зборовите, и гласот така го местам, да не му е лесно што се јавил, да види колку пари чини да го држиш Методија на пат, кога тој сака една ракија да испие дома.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тогаш виде колку пари чини да имаш пријател.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)