парк (имн.) - или (сврз.)

Пушеа кришум на одморите криејќи се зад грмушките во училишниот парк или во клозетите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Преку викенд обично јас и мојата сакана фаќаме магла и шетаме по егзотичната околина: Санта Барбара, Риверсајд, Лагуна Нигел... или безгрижно тулумариме по широкиот спектар од киносали, паркови или барови што оваа цивилизација го пружа.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Додека издресираа куче да го води мажот ѝ Вајс, таа го водеше низ просториите на Пансионот, на прошетка по парковите или по работа во градот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оние кои тие години сакаа да пробаат месо, ловеа верверици по парковите или чуваа зајаци по становите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Немавме ќумур ни дрва за огрев, па во зимите седевме завиткани во ќебиња, со капи на главите и ракавици на рацете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓутоа, не би се рекло спротивно туку само покрај договореното, врската го зеде подрака и го поведе во насока без врска, како на пример кон паркот или кон корзото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)