партизан (имн.) - или (сврз.)

Овде Ламби ќе забележи дека поголемиот дел од италијанските војници “им се придружија на партизаните или ги помагаа партизаните во оваа област, беа добро вооружени со опрема земена од италијанската дивизија во време на капитулацијата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во тоа време, козјачките селани, иако едниствени против окупаторот, се двоумеа, неможеа да погодат: на чија страна да бидат - со голобрадите партизани или со кралските војници на Михаиловиќ, кои во името господово и Кралско, со секое минување низ Пелинце оставаа зад себе пустош.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во тоа време, козјачките селани, иако единствени против окупаторот, се двоумеа, не можеа да погодат: на чија страна да бидат - со голобрадите партизани или со кралските војници на Михаиловиќ, кои во името господово и кралско, со секое минување низ Пелинце оставаа зад себе пустош.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)