партија (имн.) - ја (зам.)

Илјада пати подобар од Винстон, тој знаеше каков е навистина светот, во каква деградација живее масата човечки суштества и со какви лаги и варварства Партијата ја одржува таквата ситуација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Билансот на политичките партии во однос на оваа проблематика ќе го прикажеме во заклучокот, а за читателите да можат да го следат тоа која влада какви промени во законската регулатива донела, овде посочуваме во кој период која политичка партија ја предводела македонската влада: •  20 март 1991 – 17 август 1992 година – експертска влада •  5 септември 1992 – 30 ноември 1998 година – СДСМ •  30 ноември 1998 – 1 ноември 2002 година – ВМРО ДПМНЕ •  1 ноември 2002 – 28 август 2006 година – СДСМ •  28 август 2006 година до денес – ВМРО ДПМНЕ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За таа причина некои од политичките партии ја клеветеа Русија како непријателка на Бугарија и на сѐ бугарско, најмногу за поддршката на српската пропаганда од страна на Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сум ја слушнала таа приказна, дека божем Партијата ја организирала побуната на штипјанки на Прочка!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури и во весник напишаа твоите дека било така, лично прочитав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Најпрвин, таа се обидела да ме брани; тој уште пожестоко ја нападнал, и тоа на партискиот состанок пред сите таму; таа плачела, а тие, другарите од партијата ја прашале дали можеби плаче затоа што чувствува некаква блискост кон мене. Таа рекла дека не чувствува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А додека да се случи тоа, можеби по илјада години, тие ќе продолжат да живеат, наспроти сѐ, како птици, пренесувајќи ја од тело на тело виталноста што Партијата ја нема и не може да ја убие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)