партија (имн.) - не (чест.)

Партијата не греши, а ако погреши, таа си ги признава грешките и продолжува да греши.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неговата партија не беше на власт, а оваа новата решила да се пресмета со криминалот на неистомислениците.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Партијата не може да биде соборена однатре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Птиците пеат, проловите пеат, Партијата не пее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поединечно, ниту еден член на Партијата не поседуваше ништо, освен ситни лични предмети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но не го сакам тоа, затоа што Партијата не го сака тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но бидејќи во стварноста Големиот Брат не е семоќен, а Партијата не е безгрешна, постои потребата од неуморна, постојана еластичност во третирањето на фактите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партијата не дозволуваше разводи на бракови, но го охрабруваше разделувањето во случаи каде што нема деца.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Премногу е интелигентен. Гледа премногу јасно и зборува премногу отворено. Партијата не сака такви луѓе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Власта на Партијата не можеше да стане постојана врз никаква друга интелектуална основа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дека Партијата не ја сака власта за своја корист, туку заради доброто на мнозинството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партијата не е заинтересирана да ја овековечи својата крв, туку да се овековечи самата себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партијата не е класа во старото значење на зборот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сексуалниот пуританизам на Партијата не им беше наметнуван.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Цел на Партијата не беше само да ги спречи мажите и жените да создаваат врски што таа не ќе може да ги контролира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој веруваше во принципите на Ангсоц, го обожуваше Големиот Брат, им се радуваше на победите, ги мразеше еретиците, не само искрено, туку и со еден вид неспокоен фанатизам, една исклучителна информираност, на која обичните членови на Партијата не ѝ беа ни близу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партијата не е заинтересирана за отворениот чин: единственото што нѐ интересира е мислата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Госпоѓа“ беше збор што Партијата не го одобруваше - очекуваше секој секому да се обраќа со „другар“ ( но со некои жени човек го употребуваше инстинктивно ).
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас знаев дека Партијата полека но сигурно целосно го обзема, и знаев низ кои фази поминува тој, оти јас тие фази ги имав веќе изминато: трансот при донесувањето на колективните одлуки, силните емоции во толпата, чувството дека припаѓаш на нешто многу силно и важно, дека правиш прометејски чекори за твојот народ; Земанек, поради Партијата не ме виде мене, Луција, жена од крв и месо, како што јас, поради Партијата не успеав да го видам Јан Лудвик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А припадноста кон таквите партии не значело и припадност кон одделна нација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некој соговорник строго ми рече: Партијата не може да плука и да лиже: она што еднаш се случило, се случило за сите времиња.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Поправка нема. Човек може да згреши, Партијата не.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Либералната партија не преживеала. Месади страхувал од истата ситуација и во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)