парче (имн.) - го (зам.)

И на брливките им е предвидено делче од среќата а честопати тие и најдоброто парче го грабнуваат. Ако некој така пресудил.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги лепев стакленцата едно по едно, а бев тргнал од краевите на сликата кон средето, оти така ми се виде полесна оваа ука; тргнав од косата, од перчињата, кон средето, кон очите и носот, и конечно, последното парче го ставив, од устата, во самиот центар на сликата, во точката од средето, во средето на средето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)