парче (имн.) - земја (имн.)

Имам чувство дека ова парче земја, вечно место на крстарења на небројни завојувачи, место врз кое е растурена лакомоста на соседите преку кои големите наоѓаат своја сметка, заради што е подложено на страдања, тагувања и исчекувања, е единственото место каде човек само со пот го спечалува лебот насушен, а мир и покој нема до крајот на своите дни...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Толку многу има канали што човек помислува дека водата е испресечена со парчиња земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нема парче земја необработено. Речиси, сѐ е индустијализирано.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не само вода и воздух и оган, но и парче земја.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Знам од книгите за него, дека и тој копнеел по едно парче земја во поодминатите години, императорот кој создал закони и на граѓаните им дарувал милост, сакал да се повини на копнеж стар, дури телото сѐ уште му слугува, да се врати во познат предел со песок на ритчињата, со хумус под сенките на боровите и да го чува парчето земја како што го чуваат селаните своето, ако треба со секира.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пладневното сонце светеше врз парчето земја, што беше обраснато со трева и се наоѓаше меѓу неа и херметички затворениот влез на визбата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од утро до вечер рмбаа на малото парче земја кое што го имаа за да може тој да студира и да стане адвокат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тогаш Анѓеле што ќе прави на тоа парче земја, оттаму како ќе се врати ако не го примат?! (Потонува во мисли).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пред Њујорк имало некое островце — парче земја — и таму ги ваделе од бродот, и некоја комисија од не знам колку души доктори...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Зато сме се држеле меѓу себе многу силно, сме траеле во многу искушенија, сме работеле како кртови и сме успеале да опстаниме со векови на то парче земја, таму на балкано.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во многу случаи животните го добивале спорот, и како резултат градското собрание коешто ги предало на суд морало да им додели одштета во форма на парче земја врз кое можеле мирно да живеат не загрозувајќи го животот на луѓето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Секој е господар на своето парче земја и на својот камен. Тоа е завет на нашите дедовци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите човечки извици на страв и на гнев, онаа животинска гласност пред која и побеснет ѕвер ќе ја свие опашката, се слеале во продолжен крик што го преплавувал боиштето со сила на бескрајна и густа вода под која ќе останат загатливости на човечкото ништење, како и секогаш кога тој човек се борел и колел и бил уништуван заради поголемо парче земја за да гние потоа на најмал простор под крст или под исправен камен со изрезбана чалма на врвот, под чалмата со железо ископана мудрост на Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оној под него и ранет ја издржал тежината. Ја копал земјата со нокти во пребавното подавање кон една од пушките и се влечел по црвеникавата земја чеперок по чеперок со мачење на гасеница во чија жолта крв се шири отров од осина боцка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Туѓата жена е жена само на домаќинот, туѓите сестри се и наши сестри.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој го клоцна. Брат му се враќаше од работа на нивното мало парче земја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)