парче (имн.) - кожа (имн.)

Налетав на проколнато парче кожа. Ѓаволска.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Онаа лекција на мајка ми дека добар секс се нуди за евтини пари на секое ќоше, ама дека сите се во потрага по вистинска љубов, ме додржа мене во истата кујна, до шпоретот и... добро де, и во спалната во која влегуваа туѓи парфеми и парчиња кожа под ноктите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За разлика од претходната, полиците беа натрупани со шарени порнографски корици, меѓу кои висеа камшици, парчиња кожа, сексуални помагала.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Волкот ја свитка опашката меѓу колковите и ја спрашти со едни ветерничави, троноги скокови надолу, сиот со некаква леснина на сенка, во онаа магличава сивина меѓу стеблата, одвлекувајќи си ја по себе и својата здробена нога, запната само за едно парче кожа и за некоја бела жила, што му се отфрлаше во трчањето, чиниш некој ненужен, прикачен дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фрагментираната визуелизација на телото е индикатор на кризата (на единството) помеѓу субјектот и единственото знаење.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во телото се инвестираат различни когнитивни, аксиолошки и терапевтски логики чиешто копостоење е слично на харлекинска наметка, шиени парчиња кожа на Франкенштајновиот монструм, или на производите на психопатот од „Silence of the Lambs“ и облеката на „Cat woman“ во Batman. ÂÂ Да му се вратиме на Спиноза.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Луѓето од дружината седеле во круг со лице кон огнот, без пречкање и без ракиска подбивност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нивните движења фрлале зад нив црн синџир ѓаволски сенки што се во непрекинат напор да се исправат и да се испреплеткаат до уништување по кое на земјата ќе останат само црни и безначајни парчиња кожа на една дива и неповторлива ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ноќта ме подразбуди некое тивко ’ржење и мачнина во стомакот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Секако, - реков јас културно и за да ја задоволам почнав да кинам парчиња кожа од кокошка да ја нахранам Маци.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ти ако си ваква осетлива сега којзнае каков живот ќе имаш, - рече свекрвата и стана од столот за да ја погали Маци, на која ѝ висеше парче кожа од мустаќот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Конечно се освестив и сфатив дека Дино не е тој што ’ржи, туку дека звукот доаѓа од под мојата брада.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не може да се споредите со мајка ми во никаков случај, - ѝ реков и се насмеав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа зедов уште едно парче кожа и го подадов накај мачката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)