парче (имн.) - тиква (имн.)

Се уште ја чувствувам и топлината на раката со која ни беше подадено парчето тиква.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Покрај овие треба да се наведат и заемките: гурабија, гурабии (од арапски gurabiye); алва (од арапски helva), со повеќето видови како: ќетен-алва, таан-алва (од турски ketenhelva, tahin helvasi); локум, ратлук (rahat lokumu), потоа неколкуте вида слатки од варено овошје: речел, направено од варени парчиња тиква со ореви (од турски reçel); маџун (од арапски macun); пекмез (од персиски pekmez); пестил (од турски pestil), ошав, варено овошје, особено црни сливи (од персиски hoaf).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа следат и неколку слатки, приготвени првенствено од млеко, како сутлијаш, сутлаш (од турски sütlaç).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Половината дланка ми беше полна со топло и миризливо парче тиква.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)