парченце (имн.) - хартија (имн.)

Испишувам парченца хартија, салветки, картончиња, исполнувам по десетина ливчиња на ден, а потоа ги туткам по џебовите и ги пуштам да ми испаднат по некои сокачиња.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Преостануваше Таа. Да му се подаде, во празниот апартман, меѓу рамнодушно расфрлените плочи и книги и парченца хартија со страстен ракопис од незавршени реченици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Петрович му ја зеде ризата, првин ја спростре на масата, долго ја разгледуваше, заниша со главата и ја подаде раката кон прозорецот по тркалезната табакера со портрет на некојси генерал, на кој имено, не се знае, зашто местото каде што се наоѓаше лицето беше пробиено со прст, а потоа залепено со четириаголно парченце хартија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)